loader image
Select Page

Овесни палачинки

Ако мислите дека палачинките не може да бидат здрави, навистина сте се излажале. Особено е добро што супер брзо се подготвуваат, а за вкусот да не расправаме … едноставно мора да ги пробате!

Цостојки

2 шолји Boom Box овесни снегулки
1 шолја Boom Box овесен напиток со ванила
3 премногу зрели банани
½ кафена лажичка прашок за печиво
1 кафена лажичка арома на ванила
Прстофат сол

Начин на подготовка

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги. Подготвената смеса печете ја на добро загреана тава, во форма на дебела палачинка, со малку кокосово масло.
Премачкајте ги со вашиот омилен мармалад без шеќер или едноставно полите ги со малку јаворов сируп. Уживањето е загарантирано.