BOOM BOX – Овес
ОВЕСОТ Е ЗАКОН!
Овесот содржи витамини, минерали, влакна и антиоксиданти и затоа претставува врвен оброк во кој било дел од денот.
Колку подобро го познавате, толку порадо го јадете.
добар избор за појадок
Овесот е житарица која ви обезбедува здрав појадок, полн со влакна и може да ви помогне во исполнувањето на внесот на неговата потребна количина во текот на еден ден. Влакната во овесот се добри за вашето општо здравје, но се особено важни за добро функционирање на дигестивниот систем.
добар избор на влакна
Исто така, овесот содржи посебни растворливи влакна кои се нарекуваат бета-глукани. Утврдено е дека дневниот внес од 3 или повеќе грама бета-глукани го намалува LDL („лошиот“) холестерол и со тоа се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Списокот на придобивки од внесот на влакна не е мал, па така консумирањето овес, благодарение на растворливите влакна, може да ви помогне дури и во топењето масти во пределот на стомакот.
Комплетна житарица
Овесот е комплетна житарица во буквална смисла на зборот. Не само што е особено хранлив, туку помага и во формирањето и заштитата на нашиот организам.
За секого
Овесот е скапоцена житарица која не содржи глутен и соодветен е за луѓето кои имаат проблеми со варењето или алергии на одредени состојки.
Во ритамот на срцето
Оние кои го вклучуваат овесот во својата исхрана, судејќи по истражувањата, имаат намален ризик од појава на болести на срцето и кардиоваскуларниот систем.
Лесен за комбинирање
Boom Box комбинациите потврдуваат дека овесот може да има многу пријатели, а нутриционистите предлагаат чаша сок од портокал со следната овесна ужина, бидејќи витаминот Ц помага да се апсорбира железото од овесот.
има и витамини и минерали
Покрај феноменалните влакна кои ни се и повеќе од потребни за здраво функционирање, овесот е особено богат и со витамини и минерали. Па така, со само еден појадок ќе го поддржите вашиот организам со витамин Б, манган, железо, магнезиум и цинк.
И да не го заборавиме фактот дека овесот содржи низа антиоксиданти кои, меѓу другото, го подобруваат цревниот микробиом, со што позитивно влијаат на здравјето и потенцијално го намалуваат ризикот од хронични болести.
Не случајно велиме дека овес е закон
Сигурни сме дека, сега кога ги знаете сите придобивки на овесот, ќе станете вистински вљубеник во оваа феноменална житарица. Најдобро од сѐ е што може да ја комбинирате со овошјето кое го сакате, да ја збогатите со јаткасти плодови и на тој начин уште повеќе да ги унапредите нутритивните и енергетските вредности на вашиот појадок.
Оставете вашата фантазија да проработи и уживајте во вкусните и хранливи оброци од овес!
нутриционисти и овес
И нутриционистите пишувале за тоа колку исхраната базирана на овес и Boom Box производите е добрa за вашето здравје.
Прочитајте и дознајте повеќе за тоа како овесот може да придонесе за вашето здравје.
ПОЈАДОК
Овесни палачинки
ПОЈАДОК
Тропски сон
УЖИНА