Bounty-сутлијаш

Кога ќе пројавите желба за омилените слатки задоволства од детството, па ќе сфатите дека може да ги направите и на поздрав начин, секако со Boom Box производите.

Sastav

1 шолја интегрален ориз
2 шолји Boom Box овесен напиток со кокос
2 супени лажици сируп од урма или засладувач по желба
3 супени лажици кокосово брашно
1 кафена лажичка арома на ванила
100 g веганска чоколада без шеќер

Priprema

Истурете ги во тенџере претходно измиениот интегрален ориз, Boom Box овесниот напиток со кокос и сирупот од урма. Ставете ја смесата на шпоретот на највисока температура за да зоврие, потоа намалете ја температурата, така што сутлијашот ќе се вари на тивко, со повремено мешање. Кога смесата ќе згусне, односно оризот ќе ја собере целата течност, додајте кокосово брашно и арома на ванила. Промешајте и поклопете 5 минути. Сервирајте го сутлијашот во мали садови и прелијте го со стопена чоколада. Оставете да се излади и чоколадата да се стврдне.
Сместете се во вашата фотелја и уживајте во слаткото задоволство, како вистинско дете!