Останете cool – додека другите се топат! Подгответе си го најдоброто крцкаво, ледено задоволство, кое ќе ви ги разлади и најтоплите летни денови.
1 јогурт од грчки тип, на растителна база
60 г Boom Box овесна гранола по избор (наш предлог: гранола со шумско овошје, кокос и бадеми)
½ шолја замрзнато црвено овошје
2 кафени лажички путер од бадем
Во тепсија ставете хартија за печење и истурете јогурт, така што тој ќе се разлие рамномерно по површината. Одозгора додајте путер од бадем (најдобро е ако капе од лажицата за да се пролие низ целата површина на јогуртот), потоа наросете овошна гранола и замрзнато овошје. Оставете да отстои во замрзнувач 4 часа или најдобро преку ноќ. Таблата искршете ја на парчиња и уживајте во задоволството.