loader image

Кремаст спој кој дава енергија

Кога немате доволно време наутро, а сакате хранлив и вкусен појадок, тогаш оваа збогатена овесна каша е вистинскиот избор за вас. Подгответе навечер, вкусите наутро!

Цостојки

Boom Box овесна каша со лешник и чоколада (60 г)
150 мл Boom Box овесен напиток со лешник
1 кафена лажичка семе од чиа
1 кафена лажичка протеин од лен

ПРЕЛИВ

1 ред стопена црна чоколада без шеќер
10 g сечкани лешници

Начин на подготовка

Во една мала чинија измешајте ги овесната каша, овесниот напиток со лешник, семето од чиа и протеинот од лен. Добро промешајте. Во друга мала чинија измешајте ги стопената чоколада и сечканите лешници. Прелијте врз овесната каша и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ.
Наутро извадете ја вашата овесна каша од фрижидерот, заблагодарете си се за добриот потег и уживајте во појадокот.