Ако имате тежок ден подгответе си здраво чоколадно млеко, бидејќи веднаш ќе ве однесе во прегратката на мајка ви и ќе ви ја загрее душата.
200 мл Boom Box овесен напиток со лешник
1 кафена лажичка сируп од урма
1 кафена лажичка сирово органско какао
½ кафена лажичка цејлонски цимет
Загрејте го млекото, додајте сируп од урма, какао, цимет и добро промешајте.
ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ
Со мешалка за кафе многу поефикасно ќе ги иситните грутките од какаото и ќе добиете свиленкаста текстура на напитокот.