Прво – ве чека подготвена наутро кога ќе станете. Второ – премногу е здрава, неверојатно е сочна и е особено вкусна. Трето – буквално најдобриот сладок појадок кој некогаш ќе го вкусите.
Boom Box овесна каша со банани, чоколада и лешници (60 г)
150 мл Boom Box овесен напиток со лешник
1 кафена лажичка семе од чиа
1 кафена лажичка сончогледов протеин
½ банана
ЗА ПРЕЛИВ
1 кафена лажичка путер од лешник
1 ред стопена црна чоколада без шеќер
Во мала чинија измешајте ги овесната каша, овесниот напиток со лешник, исечкајте половина банана, семе од чиа и сончогледов протеин. Добро промешајте. Во друга мала чинија измешајте ги путерот од лешник и стопената чоколада. Прелијте врз овесната каша и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ.