Кога ќе ви затреба ресетирање во текот на работниот ден, ова кремасто кафенце е вистинскиот избор за вас!
2 лажички инстант-кафе
1 лажица вода
200 ml напиток од овес Professional Barista
Цимет за наросување
Мраз
Истурете го инстант-кафето во чаша, додајте малку вода и добро промешајте. Потоа додајте мраз до врвот, прелијте со напиток од овес Boom Box Barista и наросете со цимет. Овој кремаст напиток сигурно ќе ве освежи и разбуди.
СОВЕТ
Доколку сакате вистинска атмосфера - исто како во кафетерија, пред да го истурите овесниот напиток во кафето може да го изматите со маталка за кафе, додека не добиете убава пена или крем.